| четврток, 6 декември 2018 |

Цуцуловски: За кампањата за референдумот, Владата не ги штеди парите на граѓаните

Универзитетскиот професор, Љубомир Цуцуловски во своето вчерашно гостување во емисијата отворено студио на телевизија Алфа, истакна дека кога станува збор за престојниот референдум за промена на името, владата се однесува расипнички со парите на граѓаните.

Тој забележа дека владата не штеди кога се работи за парите на граѓаните и нема никакво оправдување за ваквото нејзино расипничко однесување. Според него сумата од 1.3 милиони евра која владата од џебот на граѓаните ја алоцира за пропаганда за референдумот е премногу.

– Владата не штеди кога се работи за парите на граѓаните. Според тоа, дури и да има законска основа, нема оправдување за вакво расипничко и накално, наметливо однесување. Кога велам расипливо, со оглед на сумата, јас колку што знам станува збор, официјално за 1 милион и 300 илјади евра, вели Цуцуловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top