| четврток, 6 декември 2018 |

Кривични за двајца радовишани: На земја на покојно лице насадиле 58 стебла канабис

Надворешната канцеларија за криминалистички работи -Радовиш, до ОЈО-Струмица, поднесе кривична пријава, против К.М. (53) и Н.Т. (45), двајцата од Радовиш, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Надоворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш, постапувајки по добиени оперативни сознанија, во местото викано „Телешорски извори“, атар на село Смиланци, општина Радовиш, откри насад од околу 58 стебла од растението „Cannabis sativa“ (марихуана). Растенијата биле засадени на парцела сопственост на покојно лице од с. Подареш, на површина од околу 50 метри квадратни, а стеблата биле во фаза на формирање на вршунки, во добра вегетативна кондиција, на висина од 120 до 300 сантиметри. Пријавените континуирано ги одгледувале заради производство на опојна дрога марихуана.

Преземени се мерки за пронаоѓање на пријавените и на во неделата околу 17 часот, првопријавениот бил затекнат внатре во насадот како врши берба од стеблата Cannabis и ги става во вреќа. Од страна на полициски службеници тој е лишен од слобода, а пронајдените предмети со Потврда за привремено одземени предмети биле одземени.

Пронајдените 58 стебла „Cannabis sativa“ (марихуана) биле откорнати и врз основа на претходно издадена Наредба, биле дадени на вештачење. Додека, по целосно расчистување и документирање на случајот, против пријавените е поднесена кривична пријава.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top