| четврток, 6 декември 2018 |

Стигна писмо од Швајцарија за Македонците и сите ги изнервира

Наш иселеник во Швајцарија упати писмо-Здраво мои драги сонародници Македонци, каде и да сте, особено во мојата мила татковина Македонија. Ви пишувам од Цирих, Швајцарија, каде живеам во последните три години.

Овде почна да доаѓам случајно, во МК работев со коли, купи-продај и еднаш начекав на оглас евтино а добро ауто овде во Швајцарија, па дојдов, го купив Пежото и го препродадов кај нас. Заработив добри пари, па комплетно се преориентирав и почнав да работам само со Швајцарски возила.

Швајцарија е мала држава и овде колите не се извозени со многу километри, но истовремено се и перфектно сочувани, бидејки Швајцарците се многу педантни луѓе, а и добро заработуваат, па можат да си дозволат возилата да ги одржуваат во овластени сервиси.

Доаѓајќи често во Швајцарија запознав многу луѓе, па така, ми понудија и работа овде која со задоволство ја прифатив. Работам во една компанија која соработува со нивната железница и се грижи за храната и пијалоците во возовите. Јас туркам количка со пијалоци во воз. Покрај добрата плата, паѓа и добар бакшиш и оваа работа не би ја менувал за ништо, иако трошоците за живот овде се исто така високи.

Но да се вратам на мојот моабет. Чат-пат кога немам работа отворам интернет и МК портали и фејсбук страни и што да видам. Па вие ќе се изедете бе луѓе. Партии, референдуми, Заев, Никола, Мицко. Се псуете меѓу себе, растурате пријателства, роднински врски заради таа политика.

Знаете ли дека сте смешни бре луѓе кога ве гледа човек од страна. Не само што сте смешни, би рекол, се извинувам но ќе речам, за жалење сте! Па имате ли вие некаква друга работа освен да седите на фејс и да се докажувате кој е во право. Па знете ли вие бе луѓе колку Македонци има во Швајцарија, Аустрија, Германија и Скандинавија со Бугарски пасоши. Колку и да не сакаат да признаат, тоа се одродени Македонци, а се решиле на таков чекор за пуста гола егзистенција.

Свесни ли сте што жртвуваме со ова тапкање во место сите овие години, ризикуваме да не снема, или во најмала рака да потонеме во уште поголема сиромаштија и да ни остане само тоа, кавгите по интернет. Ама треба да сте свесни и дека снаодливите и паметните си го наоѓаат чарето и за разлика од вас лајачите по фејс, работат и заработуваат за своите фамилии. Вие сигурно не сакате да се испотите, затоа имате толку време за на компјутер.

Се надевам дека некогаш ќе се освестиме како народ и работата и напредокот ќе ни бидат приоритет во животот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top