Во текот на изминатите две недели, царинските службеници спречиле неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, облека, боја за ќунци, грејачи за соларни бојлери и фалсификати.
Мобилните царински тимови во соработка со Министерството за внатрешни работи, и по наредба од Основниот Суд во Прилеп, извршиле претрес во дом на македонски државјанин од Прилеп, со помош на царинско куче, при што покрај оградата на дворот, под пласт густа трева и трња, била пронајдена алуминиумска опаковка со бела прашкаста материја. По извршеното тестирање во полициската станица во Прилеп било утврдено дека се работи за наркотичка дрога хероин со маса од 50 грама. Случајот е предаден на Министерството за внатрешни работи за понатамошна постапка.
5.000 евра биле одземени на Интернационалниот Аеродром Скопје, при контрола на српски државјанин кој допатувал со лет од Цирих. Во рачна ташна на патникот биле пронајдени 15.000 евра, од кои согласно законските прописи му биле вратени 10.000 евра, износ што може слободно да се внесе во државата. За сторениот девизен прекршок против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка, информираат од царинската управа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст