| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска и утре Столтенберг во Македонија

Денеска и утре, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ќе биде во официјална посета на Република Македонија.

Генералниот секретар на НАТО ќе слета вечерва на аеродромот во Скопје во 18.45 часот, а ќе го пречека министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

Утре, вo својата агенда генералниот секретар има посета на Стајковци каде ќе има средба со градоначалникот на Гази Баба како и изјава за медиуми, по што заминува во касарната „Илинден“ каде ќе ги посети војниците, ќе присуствува на показна вежба како и вежба на припадниците на специјалните сили.

Потоа, генералниот секретар Јенс Столтенберг пристигнува во Клубот на пратеници, каде ќе има работна средба со претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, по што ќе се одржи прес-конференција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top