Вчера околу 16 часот на автопат Скопје – Велес, мотоцикл „Кавасаки“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од М.А. (43) од Прилеп, удрил во рабник и банкина и излетал од коловоз на непристапен терен.
Со асистенција на Противпожарната бригада-Скопје, М.А. бил извлечен и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст