| четврток, 6 декември 2018 |

И вода ќе плаќаме преку интернет

„Плати брзо“ е новата услуга за слуга за електронско плаќање на сметките за вода. Преку оваа услуга ЈП Водовод и канализација – Скопје на своите корисниците им овозможува онлајн плаќање на фактурите без да биде потребно да се регистрираат во системот – Мој Водовод.

На електронскиот сервис „Плати брзо“ со внесување на фолио бројот од фактурата корисниците на услугата можат да извршат плаќање со кредитна или дебитна картичка без провизија, што е поволно за оние корисници кои често патуваат или живеат во странство, соопшти претпријатието.

Со електронскиот систем, додава „Водовод и канализација“, се овозможуваат и сите шалтерски услуги како што е започнување процедура за ажурирање на личните податоци, преглед на долгови, плаќање сметки или рати, ажурирање на состојбата на потрошувачка на водомери, пријавување дефект, како и електронска достава на месечната фактура или целосно исклучување на печатената достава на сметки.

Новата услуга е достапна на линкот https://e.vodovod-skopje.com.mk/InstantPayment.aspx

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top