| четврток, 6 декември 2018 |

На тетовец ќе му се суди за обид за убиство – шест пати ја пробол невенчаната сопруга со нож

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Б. (49) од Тетово поради постоење основи нa сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“.

Во саботата во 07.55 часот во Полициската станица Тетово, А.Б. пријавил дека истиот ден околу 07 часот во семејната куќа во Тетово со нож ја прободел В.М. (49) од Тетово, со која живеел во вонбрачна заедница.

После тоа, В.М. била пренесена во Клинички центар Тетово каде и биле констатирани шест убодни рани во пределот на градите, вратот, грбот и дланките, а поради сериозноста на повредите била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top