| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски оствари средба со Хслбах, специјален координатор за Западен Балкан на Германија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со Кристијан Хслбах, специјален координатор за Западен Балкан, Турција и земјите на ЕФТА во Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

На средбата се нагласија силно развиените билатерални односи помеѓу Сојузна Република Германија и Република Македонија како и потребата од понатамошно надградување на истите. Мицкоски ја афирмираше стратешката определба на ВМРО-ДПМНЕ за интеграција во Европската унија и НАТО, информираат од партијата.

Во врска со Договорот со Република Грција, Мицкоски потенцираше дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ останува во рамките на веќе укажаните забелешки и дека партијата не може да го поддржи истиот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top