| четврток, 6 декември 2018 |

Не и кажал ниту на сопругата: Влегол во погребално претпријатие и го украл телото на свекрвата

Англичанец признал дека влегол во погребна компанија “Батерфлај” во Рочестер и го украл телото на неговата почината свекрва.

Тој се одличил за овој потег откако сопственичката на компанијата која требала да го организира погребот не му одговарала на телефонските повици неколку дена пред погребот. Тој се вознемирил заради тоа, ја пријавил и во полиција, но не успејале да ја лоцираат. По ова, Англичанецот чиј идентитет тамошните медиуми не го откриваат, одлучил работите да ги земе во свои раце. Интересно е тоа што тој одлучил овој зафат да не го сподели со неговата сопруга, чија мајка починала.

–  Немав друга опција. Поминав два дена во полициската станица, обидувајќи се да контактирам со сопственичката на погребалното претпријатие, но никако не успеав. На крајот, морав да го извлечам телото сам. Не сакав да ја оптоварам сопругата затоа што таа и без тоа беше доволно истрауматизирана од смртта на нејзината мајка, изјавил тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top