Точно една година по незаборавниот концерт, „Нокаут“ се врати во Битола и средата вечер го надминаа својот минатогодишен рекорд на посетеност. Битолчани не ги уплаши ни променливото време, ни највената бура. Како што во еден глас пееја заедно со „Нокаут“ – „Па и да ни заврне, чадор имаме…“. Местата на Ракометното игралиште не беа целосно пополнети, од едноставна причина што никој не сакаше да седне до самиот крај.
Публиката не остана рамнодушна ни на домашните бендови „Паркети“ и „Промашена инвестиција 3,14“, кои придонесоа за уште поголема енергија и забава до раните утрински часови.
Со дел од средствата на концертот, кој е дел од досега најголемото и најсодржајно културно лето „Бит-фест 2013“, „Нокаут“ со организаторите „Горила продукција“ едногласно решија да му помогнат на 27-годишниот битолчанец Димтитрија Ласовски што поскоро да замине на лекување во странство.
„Нокаут“ продолжува со активното лето. Следна е публиката во Кочани, која ќе ужива во добропознатите евергрини, но и новите песни на бендот на бесплатниот концерт во Градскиот парк в сабота, 13 јули. Кулминацијата ќе биде на 26, за кога бендот го подготвува големиот концерт во клубот „Кадмо“ во Охрид.
„Нокаут“ пред само неколку дена го промовираше видеоспотот за новата песна „Запомни тоа е сѐ што имаме“, во продукција на „Горила“, на чело со режисерот Владимир Дади Илиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.