Дефектот на улица Теодосиј Гологанов, наспроти фабриката Реплек е настанат заради технички неисправно затрупување на ровот, од страна на фирмата која барала приклучок за новоизградена зграда, информира ЈП Водовод и канализација. Од таму велат дека до крајот на работниот ден цевката ќе биде заменета и корисниците ќе добијат вода.
– Од страна на ЈП Водовод и канализација – Скопје се издадени технички услови за приклучување на оваа зграда за што добила Решение, во кое е наведено дека ископот, затрупувањето и враќање во првобитна состојба треба да го изврши фирмата барател. Но, фирмата што ја гради зградата постапила нестручно при затрупувањето на ровот каде се наоѓа овој приклучок, стои во соопштението.
Затрупувањето според процедурите го врши фирмата која бара приклучок, а во случајов оваа фирма, како што велат од „Водовод и канализација“ не постапила по сите технички норми и процедури, а затрупувањето не го направила во слоеви, туку со целата тежина ја исфрлила земјата врз цевката. Од тежината на земјата дошло до прекршување на истата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст