Претставата „Тоби“ од Театарот за деца и младинци (ТДМ) во септември ќе гостува на два меѓународни фестивали, информираат од ТДМ.
На 13 септември претставата ќе гостува на „Седми меѓународен фестивал на кукларство“ во Подгорица, Црна Гора, а подоцна, на 18 септември ќе гостува во Суботица, Србија, на 25. Меѓународен фестивал на театри за деца.
Претходно, ТДМ со претставата за младинци, „Еднаш свет изградив“ ќе гостува на фестивалот „Ристо Шишков“.
Текстот за куклената претстава „Тоби“ е на Флоријан Зденек, а режисер е Драгослав Тодоровиќ од Србија. Куклите-животни во „Тоби“ се во нивната оригинална големина, а со нив работат актерите Марија Ѓорѓијовска, Катарина Илиевска-Силјановска, Винета Дамческа-Мојаноска, Ана Левајковиќ-Бошков и Мики Анчевски.
Јазовичарот Тоби е главен лик во претставата.
Креацијата на куклите, костимите и на сценографијата е на Ирина Сомборац од Белград, со помош на Кирил Василев и Љубица Велкова.
Видео-анимацијата е на Емил Петро, а музиката на Виктор Апостолоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст