Во рамките на манифестацијата „Денови на Мајка Тереза“, на сцената на Драмски театар Скопје, денеска 4 септември, со почеток во 19:00 часот, ќе се изведе претставата „Светица на темнината“ во продукција на Б Глад од Загреб, Хрватска, информираат од Драмски.
Претставата е дел од одбележувањето на манифестацијата „Денови на Мајка Тереза“. Македонската публика има можност да види еден успешен проект на реномираната хрватска продукција и претстава работена по текст на Венко Андоновски во која главната улога ја има големата хрватска актерка со македонско потекло Костадинка Велковска.
Претставата е во режија Ивана Пренош. Костимографијата е на Дорис Крстиќ, музиката на Аноушка Шанкар и Игор Д. Савин. Улогите ги толкуваат: Костадинка Велковска, Миа Крајчар, Велимир Чокљат, Илир Тафа, Шишко Хорват, Мајцан Шанкар, Љиљана Чокљат и Дубравко Сидор, а како продуцент Тадија Коловрат.
Билетите за оваа претставата се бесплатни и може да се подигнат на билетарницата на Драмски театар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


