Грчкото летувалиште Неа Врасна и вилата “Ангелика” за македонскиот музичар Живко Динев нема да остане во добро сеќавање, откако со сопругата, но и останатите гости во вилата, беа ограбени овој месец.
– Не дај боже да сум го начекал тој некој како ми краде пари од собата. Кога имаш деца со себе, тогаш не се контролираш, не размислуваш за евентуалните последици. На господ сум му благодарен, децата се живи и здрави, исто така и јас и сопругата, но доста сме потресени, изјавил тој за Вечер прес.
– На газдарицата на вилата и реков – Сега кај мене имам само 3 евра, гледај да не ми ги грабнат и тие! А, таа во лице ми се смее и ми вели: А, имаш ти пари, денес те видов како јадеш сладолед! Тогаш ми се споија жичките, бев изнервиран и испровоциран. Се смирив некако, чекајќи да дојде полицијата, додал тој за несаканата случка која му го расипала одморот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст