Лејди Гага и Бредли Купер беа главни ѕвезди на Филмскиот фестивал во Венеција, откако го промовираа заедничкиот филм „Ѕвездата е родена“ (A star is born).
Во прашање е римејк на филмот кој веќе неколкупати бил екранизиран. Оригиналниот филм “A star is born” беше снимен во далечната 1937 година, главната улога ја играше Џенет Гејнор.
Потоа во филмот од 1954. насловната улога ја глумела Џуди Гарленд, во седумдесетите зад микрофонот застана и Барбара Стрејсенд, а сега Лејди Гага!
Бредли беше очекувано елегантен додека ја изведуваше својата филмска партнерка од бродчето, додека Гага се одлучи за неочекуван стајлинг – бел фустан и црни чевли.
Гага веќе неколку години е одлучна да се пробие како актерка, а за улогата на Грофица во „Американската хорор приказна” доби Златен глобус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст