| четврток, 6 декември 2018 |

Сообраќајка на патот Градско – Прилеп, „Сканија“ излетала од патот и се превртела во провалија

Вчера околу 16 часот на патот Градско – Прилеп, С.П. (41) од Република Србија, управувајќи влекач „Сканија“ со полуприколка со српски национални ознаки, излетал од десната страна на коловозот и се превртел во провалија.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото, по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница Прилеп, каде по укажаната лекарска помош бил задржан на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Прилеп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top