| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски оствари средба со Ендру Пејџ, директор за Западен Балкан во британското МНР

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ , д-р Христијан Мицкоски, заедно со делегација од партијата вчера оствари средба со Ендру Пејџ, Директор на Директоратот за Западен Балкан и Турција во Министерството за надворешни работи на Велика Британија.

На средбата се нагласија добрите билатерални односи помеѓу Велика Британија и Република Македонија како и потребата од понатамошно продлабочување на истите. Во врска со актуелната политичка состојба во Македонија, Мицкоски го информираше Пејџ за бројните злоупотреби на власта.

Мицкоски исто така го информираше соговорникот дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ за Договорот со Грција останува цврст и принципиелен и дека Партијата не може ја поддржи содржината на истиот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top