| четврток, 6 декември 2018 |

„Малиот принц“ на Јувентус по 25 години има нов клуб

Италијанскиот фудбалер кој цели 25 години беше дел од Јувентус, Клаудио Маркисио, конечно си пронајде нов клуб. Тој се сели во руски Зенит.

32 – годишниот Маркисио за „Старата дама“ одигра 389 натпревари, постигна 37 голови и запиша 42 асистенции, а пред неполн месец неговиот договор со италијанскиот шампион беше раскинат.

Популарниот „Малиот принц“ од Торино со Јувентус освои седум титули во Серија А, а минатата сезона одигра 15 натпревари во домашното првенство. За репрезентацијата на Италија тој запиша 55 настапи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top