| четврток, 6 декември 2018 |

Нов малер за Вардар: Горбок ги скина лигаментите на коленото

Левиот бек на Вардар, Сергеј Горбок во следните неколку месеци ќе отсуствува од натпреварите поради повреда. Последната контрола на коленото покажа скинати лигаменти што ќе го одвојат бекот од настап за „црвено-црните”.

Горбок се повреди во саботата на тренинг, а неколку денови се чекаше прво да се намали отокот за да може да се извршат потребните лекарски контроли, но магнетната резонанца покажала повреда на лигаментите.

Поради повреда со тимот се уште не тренира голманот Даниел Ѓорѓески, а скршеница на дланката има Стојанче Стоилов кој ќе паузира неколку седмици. На списокот на повредени извесен период беа и Игор Карачиќ и Вуко Бозоран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top