| четврток, 6 декември 2018 |

Пад на „Фејсбук“ и „Инстаграм“

Вечерва имате проблеми со логирањето на „Фејсбук“ или со прегледот на фотографии на „Инстаграм“? Пред помалку од еден час голем број на корисници на овие социјални мрежи низ светот поминуваат низ слични проблеми.

Потешкотии со логирањето, неможност да се објавуваат постови, неиспратени пораки во „Месинџер“, се само дел од проблемите, кои може да се забележат и кај корисниците од Македонија.

Но, не сме единствени. Според „Downdetector“, „Фејсбук“ има проблеми низ целиот свет.

Kaко што пренесуваат светските медиуми, проблеми има со апликациите Фејсбук, Инстаграм, Месинџер и WhatsApp

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top