Референдумот на 30-ти ќе биде неуспешен! Тоа го знаат и Албанците, каде над 90% го подржуваат и прифаќаат, што е и нормално, напиша вечерва политичкиот аналитичар Александар Пандов.
- Како вика Груби: „Ние не губиме ништо, Македонците се тие што губат се”. ДУИ, исто ко Заев и Шеќеринска, потврдуваат дека без разлика на резултатот ќе го носат договорот во парламент. Во ситуација кога 100% од албанските народни избраници и представници во законодавниот дом потврдуваат дека без око да им трпне би гласале и со двете раце за уставните измени кои произлегуваат од договорот од Нивици, останува дека излегувањето на референдумот за Албанците е само давање подршка на ДУИ – пишува Пандов.
Според Пандов, сите гласови од Албанци на референдумот ќе одат на конто на Ахмети, Груби и Османи, тоа треба да им е јасно како бел ден на Тачи, Касами и Сеља!
- Еве имам неколку ФБ пријатели Албанци, кои го подржуваат договорот, но не и ДУИ. За нив #Бојкотирам е добитна кобинација. Му удираат тонч на ДУИ, а ние Македонците вистински ќе им го цениме тој чекор на подадена рака во оваа борба против окупаторскава власт. На крај, на референдумот ќе излезат само подржувачите на Заев, не и на СДС (имам пријатели кои се сдс, а нема да излезат) и на ДУИ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст