Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во вечерашното гостување во дебатната емисија Топ Тема истакна дека сериозно се сомнева дека Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски воопшто го прочитал како што вели капитулантскиот договор со Грција. Ставот на Јанушев е резултат на полемиките со Кирацовски околу значењето на одредбите на договорот и нивните импликации.
-Се што ќе ви прочитам од договорот вие велите не е така. Јас сериозно се сомневам дека сте го прочитале договорот, рече Јанушев.
Јанушев забележа дека власта на СДСМ успешно премолчува скриени одредби од договорот, а како пример го зема фактот што за секој производ произведен во државата ќе пишува ,,произведено во Република Северна Македонија’’.
-Ќе биде напишано произведено во Република Северна Македонија и тоа ќе треба да им го наметнете, тоа исто така него кажувате, односно многу успешно го премолчувате ќе треба да им биде наметнато на сите фирми во Македонија без разлика што се приватни, потенцира Јанушев.
За крај Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ напомена дека покрај големиот број други скриени и нескриени импликации ќе се променат и кодовите на земјата, а на регистарските таблички наместо како до сега МК ќе стои НМ, НМК.
-Господине Кирацовски зошто лажете. Еве член 1 точка 3 под Д, вели кодот за земјата на регистарските таблички за возилата на втората страна ќе биде НМ и НМК, заврши Јанушев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


