| четврток, 6 декември 2018 |

Две лезбијки камшикувани зошто имале секс: Тоа не е казна, туку образование

Две жени биле казнети со камшикување затоа што наводно биле фатени како имаат секс во автомобил. Настанот се случил во Малезија, каде двете жени биле фатени во автомобил како имаат сексуален однос, по што добиле казна со камшикување, пренесуваат британските медиуми.

Радикалните исламисти во мнозинско муслиманската сојузна држава Теренган, една од најконзервативните во Малезија, за првпат осудиле две девојки, на возраст од 22 до 32 години, на јавно камшикување на кое што присуствувале стотина луѓе.

Двете девојки добиле по шест удари со камшик и биле деградирани, а целото случување на кое што се насобрал народ траел околу дваесетина минути. Покрај тоа, двете девојки морале да платат и парична казна.

Абдул Рахим Синван, заменик претседател на Здружението на муслимански адвокати, секако, во камшикувањето не гледа ништо проблематично и примитивно. Според него, целта на камшикувањето е едукативна, а не на една индивидуа да ѝ биде нанесена болка.

„Во шеријатот камшикувањето не е наменето за на едно лице да му биде нанесена болка. Камшикувањето е со цел лицето да се образува. Според тоа, не е болно, остро, ниту пак наменето да се повреди едно лице“, заклучи верскиот фанатик.

Во оваа мнозинско муслиманска држава каде што владее двоен законски систем кој што им овозможува на исламските судови да се занимаваат со религиозни и семејни работи за муслиманите, хомосексуалната заедница е во се потешка положба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top