| четврток, 6 декември 2018 |

ФК Кул: Со овој турнир сакаме да ги потикнеме дружењето на младите спортисти помеѓу земјите од Балканот

Фудбалскиот клуб Кул ја прославува јубилејната десетта година од своето основање, а во тек е детската лига COOL, која веќе седма година успешно се реализира секоја недела и во која учествуваат фудбалски школи од територијата на Скопје. Децата меѓусено се натпреваруваат, дружат, разменуваат искуства, како и тренерите, што е од голема корист за тимовите. За гледачите се овозможени интересни натпревари, а за тие кои не се во можност да присуствуваат на натпреварите, а сепак сакаат да бидат во тек овозможено им е да проследат дел од натпреварите во видеата кои се објавуваат на „Фејсбук“ страните на Фудбалскиот клуб Кул, како и интересните моменти доловени со фотографиирање.

Во организација на Фудбалскиот клуб Кул е и меѓународниот турнир КУЛ КУП, кој оваа година се оддржува четврти пат по ред.

  • Турнирот прераснува во традиција каде екипите се дружат меѓусебно, разменуваат искуства и ги измеруваат своите фудбалски способности. Со овој турнир сакаме да ги потикнеме дружењето на младите спортисти помеѓу земјите од Балканот и да допринесеме за развој во спортот кај младите категории – велат од фудбалскиот клуб.

Настанот ќе се одржи на 07, 08 и 09 Септември 2018 година на теренот на ФК КУЛ и на теренот на ФК Цементарница во Кисела Вода, за генерации 2007/2008/2009 и 2010 каде ќе учествуваат 64 екипи од 7 земји со вкупно 1000 учесници. Ќе се одиграат натпревари помеѓу младински екипи на ФК Кул, ФК Работнички, ФК Вардар, ФК Шкендија- Тетово, ФК Војводина- Србија, ФК Омладинац– Србија, ФК Буба Мара – Хрватска, ФК Ѕвезда – Србија, ФК Кикер – Србија, ФК Арсенал –Косово, ФК Фенербахче – Турција, ФК Драчево, ФК Албарса, ФК Борец – Велес, ФК Талент – Битола, ФК Скупи – Скопје, ФК Фамос, ФК Форца, ФК Тефејуз, ФК Победа – Прилеп, ФК Локомотив Пловдив – Бугарија, ФК Фудбал Старс – Кочани, ФК Тиквеш – Кавадарци, ФК Брегалница – Штип, ФК Чукарички- Србија, ФК Лидер Лесковац – Србија ФК Царско Село – Бугарија и други клубови кои во тек се пријавуваат.

Фудбалскиот клуб Кул постои 10 години, основан е на 28 септември 2007 година. Работи со млади категории на деца. Започна со мал број на членови, но со тек на тренинзите, упорноста на тренерите и децата, бројот на членови постојано се зголемува.Моментално во него членуваат околу 300 членови и се вработени 10 тренери, 1 медицинско лице и 2 технички лица.

Поседува спортски терени кои ги користат за тренинзи на младите фудбалери во текот на денот и во вечерните часови.

Терените на кои се изведуваат тренинзите и натпреварите сеидеални за работа со млади и повозрасни категории.
• Терен ФК Кул – Кисела Вода лоциран на ул. Сава Ковачевиќ бр.76 во дворот на О.У. Круме Кепевски во Кисела Вода, покриен терен со вештачка трева, во склоп на теренот е и кафе ˝КУЛ˝
• Терен ФК Кул – Карпош лоциранна ул. Партизански одреди бб во дворот на С.Д.У. Здравко Цветковски во Карпош, покриен терен со вештачка трева,
• Терен ФК Кул – Автокоманда, лоциран на ул. Јани Лукровски бб во дворот на О.У. Стив Наумов во Автокоманда, отворен терен со вештачка трева,
• Терен Цементарница, отворен терен со природна трева
• Терен Лисиче, отворен терен со природна трева.

Начинот на работа е според возраста, а тренинзи има секој ден во зависност од генерациите. Во склоп со тренинзите се организираат тековни натпревари со други фудбалски клубови.
Летниот период организираaт летни кампови во Неи Пори и Паралија, Грција и во Охрид за децата од клубот каде имаат редовни тренинзи, натпревари, обуки и дружење со децата од други фудбалски школи.

Тренинзите ги одржуваат лиценцирани тренери, а за време на натпреварите, лигата и камповите децата се медицински згрижени.

ФК КУЛ за своето десет годишно постоењечекор по чекор, скала по скала, полека но сигурно чекореше напред и стекна со високо реноме во земјата и странство. ФК Кул заземавма учество во сите категории на детски лиги во организација на ФФМ, Меѓународни турнири во Хрватска- Загреб, Србија –Белград, Војводина и Краљево, Босна и Херцеговина – Бјелина, Бугарија – Софија и Благоевград, Данска – Хјоринг, Турција- Истанбул, Франција- Дижон и Евиан, Македонија – Струга, Штип, Скопје, Охрид, Куманово и уште многу тековни турнири каде постигнува солидни успеси и стекна големи искуства кој ги применува во организацијата на својот турнири успешно го претстави клубот и државата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top