| четврток, 6 декември 2018 |

Со нож ја пробол својата сопруга, итно оперирана во Градска болница

Нoќеска околу 04 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив била донесена П.В. (52) од Скопје со убодна рана во пределот на стомакот.

Од страна на полициски службеници биле преземени соодветни мерки и активности и утврдено било дека на 02.09.2018 година околу 20 часот на улицата „Виничка“ при семејна расправија со нејзиниот сопруг Б.А.(64), тој со нож и нанел повредил.

Потоа Б.А. со приватно возило ја однел П.В. во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде веднаш бил извршен оперативен зафат. Осомничениот е приведен и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top