Страшна случка ја потресува деновиве Австралија, откако во школски двор било најдено 10-годишно девојче обесено со јаже за дрво.
Според светските медиуми, малата Амбер Јун жртва е на врсничко насилство. Тој ден група деца зеле јаже за прескокнување, го намотале околу вратот на девојчето, а потоа ја заврзале за гранка на дрво во училишниот двор. Девојчето го нашле персоналот од училитето, и веднаш повикале брза помоп, но не и нејзините родители.
Мајката Белинда вели дека Амбер е родена со срцева маана, а поради тоа секогаш била поинаква, па често била на мета нанапади од нејзините врсници.
„Можеше да биде и мртва. Ова не е прв пат другите деца да ја злоставуваат. Таа помина толку лошо во животот, нешто што другите деца, фала му на Бога, никогаш нема да мораат“, вели Белинда.
Лекарите едвај го спасиле девојчето, а нејзината состојба и понатаму е сериозна.
„Беше страшно, мислев дека ќе умрам“, им рекла Амбер на новинарите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


