| четврток, 6 декември 2018 |

Роналдо и официјално стана мнозински сопственик на Валјадолид

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо Луис Назарио да Лима и официјално стана мнозински сопственик на шпански Валјадолид, клубот каде своевремено играше македонската легенда Илија Најдоски, откако откупи 51 отсто од акциите на Валјадолид.

– Поминав низ многу фудбалски фази во животот, а фудбалот е моја страст. Се решив на ваков потег за да ја задржам таа страст за фудбалот. Имаме сјајни можности да ги исполниме нашите цели, а наша цел не е да останеме во лига, туку да растеме од ден на ден, рече Роналдо.

Бразилецот посочи дека ќе биде формиран најдобриот можен тим, со луѓе на чело на клубот, кои транспарентно ќе работат и ќе имаат желба за подобри резултати.

Како што објавија шпанските медиуми, Роналдо за 51 отсто од акциите платил 30 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top