| четврток, 6 декември 2018 |

Притвор за ќерката која си ги уби родителите и сестрата, притворени и двајцата помагачи

Основниот суд Гостивар и одреди притвор во траење од 48 часа на постарата ќерка на семејството Поцеста Б.П. (28), осомничена дека го извршила грозоморното тројно убиство во Дебар и дека таа го застрелала својот татко Агим, мајката Назмие и 14- годишната сестра Анила.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар до Основното јавно обвинителство против Судот во Гостивар во врска со убиството на А.П. (54), Н.П. (53) и нивната 14-годишна ќерка во Дебар поднесе кривична пријава против Б.П. (28) од Дебар поради основано сомнение дека сторила кривично дело „убиство“, велат од МВР.

Полицијата ги уапси и помагачите на осомничената. Станува збор за  Ф.Г.(31) од Гостивар и В.К. (61) од Дебар, против кои е поднесена кривична пријава за помагање во врска со убиство. Судија на претходна постапка и ним им одредил притвор во траење од 48 часа.

Според извори во истрагата, осомничениот гостиварец и  и го обезбедил превозот од Италија каде што живеела, а дебранецот го набавил пиштолот.

Таа ноќта на 26 август ги убила родителите и помалата сестра и заминала за Италија, а ден подоцна повторно се вратила за погребот. Неофицијално, осомничената долг период наназад била зависник од наркотични супстанци. Мотивот за убиството се уште не е познат.

Тројцата убиени беа пронајдени истиот ден околу 21 часот. Сопружниците беа пронајдени мртви во спалната соба, а 14-гоидшното девојче во својата. Тројцата беа убиени на спиење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top