Новиот менаџер на Вест Хем, Мануел Пелегрини добил поддршка од раководството на клубот и покрај кошмарниот старт на „чеканите“ на стартот на новата сезона. Тимот од Лондон ги загуби сите четири натпревари во Премиер Лигата досега и се последни, но потпретседателот Дејвид Саливен не се сомнева дека Чилеанецот е вистинската личност за тимот.
– Менаџерот ја има нашата целосна поддршка, изјавил Саливен.
Во саботата, Вест Хем изгуби од Вулверхемптон по гол во 93-тата минута.
– Моментот е тежок, па мораме да реагираме соодветно. Играчите работат напорно во текот на неделата и едноставно мора да го пренесат тоа на дуелите. Ние сме заинтересирани да се запознаеме со нивото, но треба да се подобриме, за да не се најдеме во ситуација како минатата сезона кога целта беше да се преживее, изјави Пелегрини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст