| четврток, 6 декември 2018 |

Патниците се жалат: Испратени 27 пријави за недолично однесување на контролорите на ЈСП

Во текот на изминатиот месец се добиени 27 пријави од граѓани за недолично однесување на контролорите во ЈСП Скопје. Во пет случаи е констатирано неправилно однесување и преземање дејства од контролорите, а во 22 е утврдено неправилно однесување на граѓаните, рече денеска градоначалникот Петре Шилегов.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со инцидентите меѓу граѓаните и контролорите во јавниот градски превоз, Шилегов нагласи дека е зголемена контролата во јавниот градски превоз со што се зголемила и продажбата на билетите во ЈСП, а зајакнат е и Секторот на внатрешна контрола во ЈСП.

Според него, и Градот и ЈСП Скопје инсистираат на целосна законитост во текот на постапките за инволвираните во инцидентите.

– Против овие вработени во ЈСП Скопје ќе бидат преземени сите мерки предвидени во Законот за работни односи, додаде скопскиот градоначалник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top