| четврток, 6 декември 2018 |

Нема сместување за Македонци во Вурвуру: Прифатете дека Скопје нема врска со грчката историја

Како и многумина Македонци кои се одлучиле летниот одмор да го поминат кај јужниот сосед, уште една македонска државјанка се обидела да резервира престој во вила во Грција, но одговорот кој го добила е во најмала рака неочекуван.

Наместо потврда за платената резервација, таа добила допис во кои сопствениците на вилата и велат дека не е добредојдена доколку не прифати дека „Скопје нема врска со грчката античка историја“.

– Македонија е една и е Грција! 4 000 години македонска историја и гордост, вели меѓу другото сопственикот на вилата во својот одговор.

– Ви благодариме за резервацијата и вашиот избор. За да ја потврдите резервацијата прво треба да прифатие дека Скопје е словенска држава и нема ништо заедничко со античката грчка историја. Доколку тоа не го сторите, ви ја откажуваме резервацијата, стои во одговорот на сопственикот на вилата.

Не е првпат Вурвуру да им ги затвори вратите на Македонците.

Македонците не се добредојдени во Вурвуру (ФОТО)

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top