| четврток, 6 декември 2018 |

Викендов 31 сообраќајка во Скопје, едно лице потешко повредено

Во текот на изминатиов викенд, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 31 сообраќајна незгода од кои една со тешки телесни повреди, 13 со лесни телесни повреди и 17 со материјална штета.

Во сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а 20 лица со лесни телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 216 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 80 возачи од кои: 29 возачи поради тоа што управувале моторно возило под дејство на алкохол, 38 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и 13 возачи затоа што бил возачи-почетници.

Исто така исклучени од сообраќај се и 34 возила бидејќи 30 биле нерегистрирани и четири возила биле технички неисправни. Санкционирани се 10 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, тројца возачи поради неправилно престројување и 24 возачи поради неносење заштитен шлем (кацига).

Санкциониран бил еден пешак кој поминал коловоз на пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 153 мандатни платни налози, додека 105 возила се подигнати со специјално возило “пајак”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top