| четврток, 6 декември 2018 |

Директен пренос на дебата во Град Скопје за гасоводот на Водно

Град Скопје денеска организира јавна дебата за изградбата на гасоводот на Водно на која градоначалникот Петре Шилегов покани претставници на надлежните државни органи, како и граѓански здруженија кои покажаа загриженост поради проектот.

Како што информираше Шилегов во петокот, сите градежни активности за изградба на гасоводот на Водно се прекинати до  завршување на процесот на дијалог и дебата.

– Изградбата на гасоводот на Водно предизвикува загриженост и реакции во јавноста. Пред почетокот на градежните активности претходеа интензивни разговори со активистите и со загрижените граѓани и се бараа заеднички алтернативни компромисни решенија. Токму како резултат на овие разговори успеавме да се избориме за намалување на ширината на трасата на гасоводот од 25 на 10 метри и измени на трасата во еден дел од четири километри. Но, и покрај тоа, очигледно е дека во јавноста сè уште постои загриженост за ваквата траса и за изградбата на гасоводот, изјави Шилегов.

Дебатата ќе се одржи во Советот на Град Скопје во 13 часот, а МИА директно ќе ја пренесува на својата веб страница www.mia.mk, на YouTube и на Facebook.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top