| четврток, 6 декември 2018 |

Сообраќајка на патот Кавадарци – Росоман, кавадарчанец завршил во болница

Во петокот околу 10 часот на регионалниот пат Кавадарци – Росоман се случила сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил „Нисан терано“ со бугарски регистарски ознаки, управуван од Г.Ц. (44) од Росоман и патнички автомобил „Југо“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Ѓ.М. (37) од Кавадарци.

Во незгодата со повреди се здобил возачот на возилото „Југо“ кој бил пренесен во Општа болница Кавадарци. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top