| четврток, 6 декември 2018 |

Акција на МВР против дивите трки, привремено задржани 35 мотори

МВР информира дека во текот на вчерашниот ден (02.09.) во периодот од 14.00 до 24.00 часот била спроведена акциска контрола на подрачјето на Скопје со цел откривање и санкционирање на возачите кои организираат и учествуваат во диви трки.

Од страна на полициски службеници привремено се задржани 35 мотоцикли, поради сомнение за техничка неисправност и издувни уреди кои ствараат бучавост поголема од дозволената.

По однос на останати прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, преземени се вкупно 39 мерки за сторени сообраќајни прекршоци од страна на мотоциклистите. За констатираните прекршоци издадени се 15 мандатни платни налози и 24 прекршочни платни налози.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top