| четврток, 6 декември 2018 |

Во затвор се оди и поради голи фотографии

Оскаровка Џенифер Лоренс пред четири години беше цел на хакерски напади. Целиот свет ги видел нејзините голи фотографии, а сега конечно правдата е задоволена.

Судот во Лос Анџелес одлучи дека лицето кое е одговорно за хакерскиот напад и објавување на навредливи фотографии од актерката, во следните осум месеци ќе заврши зад решетки.

Џорџ Гарофано (26) по излегување од затворот ќе биде под надзор три години и ќе има 60 часа социјално-корисна работа, пренесува „Connecticut Post”.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top