| четврток, 6 декември 2018 |

Што се случува во Русија? Мртви тела на две девојки се пронајдени во куфери

Полицијата во Русија е во потрага по убиец на девојки чии тела ги остава во куфери во Москва. Во период од неколку недели полицијата пронашла две тела на мртви девојки во истата област во Москва. Засега нема осомничен за убиствата.

На 31 август, жителите на југозападна Москва пронајдоа куфер со мртво тело на улица. Телото на една девојка чија возраст се проценува дека е меѓу 18 и 25 години било пронајдено во куфер без видливи повреди кои би укажале на причината за смртта. Полицијата започна истрага за случајот.

Ова беше вториот куфер што беше пронајден во август во овој дел од Москва со тело на млада девојка.Претходниот беше пронајден на 8 август во Парк Воронцовски, исто така, со женски труп без видливи повреди на него.Според руските медиуми, не се исклучува можноста дека двата случаи би можеле да бидат поврзани. Полицијата не ја открива причината за смртта на жртвите, ниту пак нивниот идентитет.

Според медиумите, голите тела на девојките биле пронајдени во стари црни куфери, кои биле оставени на улица.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top