| четврток, 6 декември 2018 |

Годинава први септември се паѓа на трети

Заврши летниот распуст за основците и за средношколците. Утре почнува новата учебна 2018-2019 година.
За прв пат во училишните клупи ќе седнат над 20 илјади основци, додека во прва година во средно училиште се запишани над 16 илјади ученици.

Владата, на последната седница, донесе одлука за зголемување на платите на вработените во основно и во средно образование за пет отсто, почнувајќи од исплатата на септемвриската плата годинава. За покачувањето на платите во основно образование, за четвртиот квартал од 2018-тата година, Министерството за образование и наука ќе издвои 99 милиони денари, додека за покачувањето на платите во средно образование, вкупно 40 милиони денари, соопшти владината прес-служба.

Пред десет години, според Државниот завод за статистика, во учебната 2008/2009 година биле запашини 23.103 ученици во прво одделение, а во прва година средно училиште нивниот број изнесувал 23.478 ученици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top