| четврток, 6 декември 2018 |

Лазаров поуспешен од селекторот Раул на Трофејот на шампионите

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров со Нант го освои третото место на Трофејот на шампионите, откако денеска во малото финале го победија ПСЖ чиj тренер е македонскиот селектор Раул Гонзалес.

Мечот беше решен по маратонска серија на седмерци со конечен резултат 46-45. Во регуларното време резултатот беше 34-34.

Македонскиот репрезентативец средбата ја заврши со осум погодоци вклучувајќи ги и головите од пенал-серијата. За трофејот ќе играат Сант Рафаел и Монпелје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top