
Новајлијата во Премиер лигата, Кардиф, му пружи силен отпор на фаворитот Арсенал, но сепак не успеја да сигне до бодовои и загуби со 2-3 во првиот денешен меч на програмата во најсилната англиска лига. Резултатот беше отворен во 11. минута кога по асистенција на Џака од корнер, Мустафи со глава погоди за водство на Арсенал од 1-0. Пред крајот на првиот дел, Камараса го изедначи резултатот на 1-1.
Во второто полувреме Арсенал тргна кон нов погодок, тоа го доби во 62. минута кога Обамејанг биеше од далечина за водство од 2-1, за само 8 минути подоцна Кардиф повторно да изедначи преку Вард кој со глава од околу 11 метри ја смести топката зад грбот на Чех.
Конечниот резултат го постави Лаказет кој на десетина минути пред крајот на мечот, ја заби топката во мрежата на Кардиф за победа на „топчиите“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


