Долго време ме мачи едно суштествено прашање. Сите знаеме што се случува во нашата татковина, ги гледаме последиците, ги чувствуваме емотивно, зборуваме за нив, пробуваме да си ги објасниме на себе и на другите… Но, основното прашање е како се доведовме во ваква ситуација? Која е причината? Последиците ги знаеме и гледаме, но ако не ја откриеме причината, тогаш ќе продолжиме да губиме време во ублажување на симптомите, наместо да ја отстраниме причината. Мое мислење е дека голем број на политички елити досега, имаат свој придонес во разболување на македонското општество. Нашето општество боледува од непринципиелност, лаги и неостварени очекувања, пред се од девастирање на вредносниот систем. Не е пријатно да се признае, не е убаво да се соочи човек со таква тешка и страшна констататација, но тоа е вистината – рече Христијан Мицкоски на денешниот сенароден марш организиран од неговата партија, ВМРО-ДПМНЕ.
Тој додаде:
-Јас гледам дека ние имаме две опции во оваа ситуација: да продолжиме да го игнорираме фактот дека Македонија е тешко ранета или да се фатиме храбро и бескомпромисно во костец со причините за таквата состојба и еднаш за секогаш да ги поразиме, и да тргнеме силно напред барајќи го нашето заслужено место под сонцето кое подеднакво грее за сите европски земји! Немаме друга опција, какви можности ни стојат на располагање?
Да седиме и слушаме како оваа клептоманска власт со сесрдна помош на премиерот Зоран Заев и неговата дворска свита криминогени пробисвети мисли дека не лаже со празни фрази, со празни бирократски фрази за наводно поголеми плати и не знам какви успеси, кога со свои очи гледаме и на своја кожа чувствуваме дека најбезобразно уништуваат се што ни е нам драго и комплетно ги здробија сите демократски институции што ние со голема мака сме ги создале.
Зоран Заев и неговата катастрофална влада не сакаат никој да зборува за нивниот катастрофален учинок и нивните уништувачки политики. Треба да се правиме наивни и да зборуваме за кампањата која ја водат, која според нивните медиумски перјаници не донела до пред самите порти на рајот. Tие не сакаат да пружите отпор на сопственото уништување, туку сакаат додека ве крадат и пеплосуваат се околу вас, да гледате некаде во некоја неодредена иднина која никогаш нема да се случи, да бидете слепи, и да им ја проголтате евтината пропаганда, која ни ја испорачуваат од своите глисери, онака, облечени во костими за капење, со темни наочари, со вештачки насмевки одлепени од реалноста.
Тие живеат во свет во кој нема човечки вредности и сакаат и нас да не внесат во нивниот пекол.
Ние треба да одлучиме дали сакаме да бидеме вовлечени во ова сценарио, дали сакаме да им дозволиме да газат преку нас, нашите предци и нашите деца и внуци, дали ќе им дозволиме да не убедат дека политиката не е ништо друго освен суров пазар, дека само парите се важни, дека договорот всушност нема значење….
Зарем ќе им дозволиме на наш грб и во наше присуство да ги спроведат своите погрешни идеи?
НЕ! Потребен е отпор.
Ќе бидеме мудри, ќе бидеме тактични кога ќе биде потребно да се тактизира, ќе бидеме гласни кога ќе оцениме дека така треба, ќе бидеме неуморни, вредни и полни со љубов за Македонија, и кога ќе дојде моментот ќе бидеме незапирлив оган кој се бори за иднината на нашата земја.
Јас мојата сила и трпение го црпам од вистинските, нашите вредности, пренесувани од колено на колено, од љубовта кон моето семејство, нација и држава. Се борам за вистината и правдата зашто мирот и спокојството на мојата душа немаат цена.
Ве повикувам да ме следите во борбата во која веќе длабоко сме загазени, не затоа што сакаме, не затоа што ние одбравме така – туку затоа што едноставно не ни оставаат друга можност. Таа борба не е лесна, ниту ќе биде лесна, ниту некогаш била лесна. Но, ви ветувам дека кога се ќе заврши, не толку далеку од сега, нашето знаме највисоко ќе се вее, можеби поткинато и исцрнето од борбата, но гордо и победнички! Тоа ќе биде знамето на народот и новата надеж за подобра иднина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст