| четврток, 6 декември 2018 |

Со прифаќање на Договорот со Грција ќе се сложиме на тоа дека сме народ без корен, држава без историја

-Нас денес соочувајќи се со еден срамен договор ни е потребна мудрост и обединетост. Леви, и десни, оние во центарот, определените и неопределените треба да знаат дека нашата земја Република Македонија е во прашање, и треба да се размислува рационално. Има многу луѓе што и од СДСМ не се согласуваат со ова што се случува со државата и ќе кажам дека и тие се добредојдени. Иако референдумското прашање е тросмислено, неговата суштина е договорот со Грција. Ако ме прашаат дали сте за ЕУ и НАТО, веднаш одговорам да, но сме жестоко против капитулантскиот договорот со Грција со кој се подрива нашиот идентитет и е надвор од нашите принципи. Овој договор е против нашиот идентитет и против нашите принципи, рече Христијан Мицкоски на денешниот сенароден марш во Кичево.

Мицкоски запраша дали Македонската Армија ќе остане Македонска, дали Македонската академија на науките и уметностите ќе остане македонска, дами Македонската полиција ќе биде македонска со договорот со Грција. Тој рече дека јавноста не слушнала ниту еден аргумент против дека со договорот се уништува институционалниот идентитет и дека со членот 8 од договорот кој предвидува формирање на комисија помеѓу двете држави Македонија и Грција ќе се ревидира историјата, археологијата и образованието, што практично значи дури и се да се исполни од договорот Грција ќе ја има можноста да ја блокира нашата интеграција во Европската Унија. Треба да се сложиме на тоа дека сме народ без корен, држава без историја.

-Еве јавно ги повикувам да го демантираат аргументот дека со договорот го губиме инсититуционалниот идентитет што е компонента на националниот идентитет и дека со членот 8 од договорот престои ревидирање на историјата, археологијата и културата што е врата Грција да не блокира на патот кон ЕУ во секој момент? – рече Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top