| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедија во Холандија – почина 13-годишен голман

Холандскиот фудбал е во шок, откако се појави веста дека починал 13-годишен голман на екипата МВР. Несреќата се случила вчера за време на натпревар, откако голманот се судрил со еден противнички фудбалер.

Голманот загубил свест и веднаш му била укажана прва помош. Медицинскиот персонал се обидувал да го оживее, но обидите биле безуспешни и починал само неколку часа во откако пристигнал во болница во Нејмиген.

По инцидентот се огласи и Холандската фудбалска федерација и изрази жалење за овој трагичен настан.

Извор: Спорт1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top