| четврток, 6 декември 2018 |

Супер куп на Франција: Монпелје ги елиминираше Лазаров и Нант на пенали

К ирил Лазаров и Нант нема да го бранат трофејот во францускиот Супер-куп, откако во полуфиналето беа совладани од Монпелје со 33-31 по изведувањето на седмерци. Во регуларниот дел, Нант во поголем дел од мечот го бркаше резултатот. По негативата од три гола на полувремето (15-12), Лазаров и неговите соиграчи многу посериозно се заканија во продолжение.

Капитенот на македонската репрезентација беше еден од креаторите на кам-бекот, во овој дел постигна три гола, сите во вистински момент. Со својот петти погодок, во последната минута израмни на 28-28, а потоа Давид Балагер погоди за 28-29, но Вид Кавтичник пресуди мечот да биде решен по изведување на седмерци.

Лазаров беше еден од изведувачите на ударите од седум метри, реализираше за 31-31, но серијата не продолжи успешно, на крајот Монпелје славеше со 33-31.

Кире беше стрелец на шест погодоци од десет обиди, со што беше прв стрелец во редовите на Нант.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top