| четврток, 6 декември 2018 |

Позната австралиска блогерка пронајдена мртва во Грција

Блогерката од Австралија, Шинејд МекКамара, пронајдена е мртва во Грција, пишуваат австралиските медиуми. Братот на убавата Инстаграм ѕвезда, Џејк ја потврдил веста за медиумите со соопштение во кое стои дека „ги примил најлошите вести во животот“.

Причината за смрта на младата Шинејд се уште не е позната.

Шинејд имала само 20 години. Последните година дена на Инстаграм објавувала фотографии од одмори низ луксузни летувалишта ширум светот, а пред само четири дена објавила фотографија од последниот одмор во Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top