| четврток, 6 декември 2018 |

Апсење на граница: На Кафасан „паднал“ Албанец баран со потерница од Интерпол

Во средата на Граничниот премин „Ќафасан“, на влез во Р.Македонија, бил лишен од слобода Д.Л. (41) од Р. Албанија, затоа што за истиот имало распишана меѓународна потерница од Интерпол-Виена, со цел екстрадиција во Австрија за сторено кривично дело – “вооружен грабеж“.

Истиот бил изнесен пред Основното јавно обвинителство Струга и предаден на Основниот Суд Струга, каде завчера му била одредена мерка екстрадиционен притвор во траење од 30 дена, по што е предаден во Казнено поправната установа “Затвор Охрид“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top