Во текот на вчеранишот ден во Полициската станица Гази Баба, 54 – годишен скопјанец пријавил дека пред околу четири до пет месеци врз неговата 17 годишна ќерка од страна на непознато лице откако ја пресретнало кај Железничката станица во Скопје, и ја внело во возило, била извршена обљуба.
Пријавителот за настанот дознал пред три недели од разговарот со неговата сопруга и со неговата ќерка и дека девојката најверојатно била бремена. Родителите ја однеле девојката на преглед во Гинеколошко-акушерската клиника при Комплексот клиники “Мајка Тереза“ каде од страна на лекар била констатирана бременост.
По наредба на Јавен обвинител над истата и во Судска Медицина направен бил гинеколошки преглед. Се работи на целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст