Поранешниот советник во Општина Кавадарци и висок функционер на СДСМ, Горан Белевски, на социјалната мрежа фејсбук се дистанцираше од партијата и истакна дека нема да агитира за гласање „За“ на претстојниот референдум.
– Каде тера СДСМ Кавадарци? Искрено да Ви кажам, може звучи малку смешно, но од СДСМ Кавадарци до пред 2 дена добивав повици само кога има некој смртен случај (да му оддаадиме почит на некој наш член), а овие денови добивам по 5-6 повици дневно да сум одел да ги убедувам луѓето да гласаат “за” референдумот. Види богати! Е сега јавно ќе Ви кажам, како што СДСМ се дистанцира од мене и јас сега се дистанцирам од СДСМ. Се откажувам од СДСМ (и од некои си ситни партиски и јавни функции) се’ додека не дојдат некои подобри времиња. И не може да имате успех на било какво гласање се’ додека партијата сте ја сведиле на 2-3 луѓе, не може да имате успех кога Горан (Горска) од Конопиште ви е партиски лидер, не може да имате успех кога најголемо решение во Скопје ви е Зоран Ѓорѓиев (првиот шумар) кој е тотално неспособен, не може да имате успех кога Галис ви е “координатор” на советничка група (од 10 советници советничката група ја сведе на 3-4), не може да имате успех кога поддршка за претседател на Советот му давате на Ристо Сакалиев кој во време на ВМРО ги спич’ка пола милион евра и за тоа е поднесена кривична пријава , не може да имате успех кога нас поранешните советници не елиминиравте, а ги донесовте тие што беа против нас, не може да имате успех кога една личност е и советник, член на УО и не знам што уште не, а членство ви преживува… Не може така “социјалдемократи”! – вели Белевски.
Инаку, Белевски важи за еден од поистакнатите членови на СДСМ од Кавадарци, своевремено тој ја возобнови младинската организација на партијата, по што членуваше и во извршниот комитет, беше советник во Општина Кавадарци и неколкукратен делегат на конгресите на СДСМ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст