| четврток, 6 декември 2018 |

Таучант Бала, пратеник во Албанија: Албанците се одлучувачки фактор за стабилност во Македонија

На 30 септември во Македонија ќе се одржи референдумот, од кој ќе се одреди иднината на Република Македонија, рече денеска премиерот на нашите соседи Зоран Заев на состанокот што го имав заедно со колегите социјалдемократи во Европскиот парламент, на парламентите на земјите-членки како што се Германија, Франција, Холандија, Обединетото Кралство, Шведска, Бугарија итн – објави на својот профил на фејсбук Таучант Бала, координатор на пратеничката група на Социјалистичката Партија, во Парламентот во Република Албанија.

Според него, Социјалдемократите на премиерот Зоран Заев, заедно со ДУИ и сите други помали албански партии, се заедно ЗА влезот во НАТО и ЕУ и ЗА договорот за името помеѓу Република Македонија и Република Грција.

– Ова е еден потврден и значаен факт дека албанскиот фактор во Македонија, како и насекаде во нашиот регион, е одлучувачки фактор за стабилност и одржлив напредок на неповратниот европски пат на Македонија и на Западен Балкан во целина – изјави тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top